Екипата на Еурофарм Работник своите натпевари од ЕХФ Лигата на шампионите ќе ги игра во Битола, во својата сала „Боро Чурлевски“. Откако го напрваија својот историски успех во Суперлигата и како вицешампион на Македонија добија место во елитата на ракометна Европа, сега добија зелено светло, своите натпревари да ги играат во Битола.
Оваа екипа за првпат во својата историја ќе биде дел од Лигата на шампионите, но ова лето наиде на сериозни проблеми поврзани со условите во салата „Боро Чурлевски“. При првата инспекција од страна на ЕХФ беа забележани низа недостатоци во салата, но истите се надминати и битолчани пак ќе бидат во можност да гледаат врвен ракомет во својот град.
Реконструкцијата на битолската сала е во завршна фаза. Поставени се нови светла, санитаријата на јужната трибина е целосно реновирана, а наскоро се очекува да биде поставен и вториот семафор, со што сите недостатоци кои беа регистрирани од ЕХФ ќе бидат надминати и исполнети сите задачи. Еурофарм работник против Спортинг ќе се сретне на 15 септември, а претходно во истата сала ќе го пречека тимот на Спартак Москва во рамки од првото коло на СЕХА лигата.