ЕХФ потврди, Фајнал-фор завршницата ќе биде во Келн

0

Европската ракометна федерација потврди дека и годинава завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе биде реализиран во германскиот град Келн. Договорот со градот и „Ланксес Арена“ која собира 20 илјади гледачи  беше потпишан во 2010 година и треба да биде валиден до 2020 година.

Во истиот има  клаузула според која, локацијата секогаш да биде потврдена кон средината на сезоната освен ако ЕХФ процени дека треба да има промена на градот домаќин. Според предвидената програма, фајнл-форот ќе се одржи на 26 и 27 мај .

На истата локација во сезоната 2016/17, нашиот Вардар успеа да се искачи на највисокото место на пиедесталот. „Црвено-црните“ со досегашниот ефект во ЛШ повторно се вбројуваат меѓу фаворитите за висок пласман.

Share.

Leave A Reply