ЕИ МИНСК: Просечни настапи во велосипедизам и стрелаштво

0

Македонските натпреварувачи на Eвропските Игри во Минкс, Белорусија, денеска повторно имаа само просечни настапи. Велосипедистот Андреј Петровски се појави на уличната велосипедска трка во машка конкуренција и во конкуренција на 133 велосипедисти кои ја завршија трката го зазеде 96. место.

Стрелачот Бранковски, пак, денеска се појави на натпреварите во дисциплината водушен пиштол 10 метри и на крајот со испукани 567 круга мораше да се задоволи со пласман на 30. место во конкуренција на 36 натпреварувачи.

Share.

Leave A Reply