Тимовите во Формула 1 се договорија во новиот шампионат да ги користат истите гуми од претходната сезона бидејќи спецификацијата планирана за 2020 година не ги задоволи барањата.
Тимовите откако ги тестираа новите гуми во Остин и Абу Даби, одлучија дека тие ги немаат очекуваните резултати. Поточно, прототипот на гуми од 2020. година доби многу критики.
„Откако беше тестирана и анализирана новата спецификација на гуми за 2020 год. се одржа гласање во согласност со член 12.6.1 од техничкиот правилник. Гласањето донесе едногласна одлука на тимовите да ја задржат спецификацијата на гумите од 2019 година” – стои во објавата.