„Екс-Ју“ легендите доаѓаат на 80. роденден на Лазо Лечиќ

0

МОК, МКФ, клубовите Работнички и МЗТ Скопје, како и Агенцијата за млади и спорт, на едно место ќе ги соберат кошаркарските легенди од „екс-ју“ на едно место, во чест на 80-тиот роденден на легендата на македонската кошарка, Лазар Лечиќ.

Како специјални гости на настанот ќе бидат Иво Данеу, Никола Плеќаш, Ратко Тврдиќ, Дамир Шолман, Немања Ѓуриќ, Драган Кичановиќ, Жељко Јерков, Дино Раѓа и други, како и тренерите Мирко Новосел, Душан Дуда Ивковиќ, Божидар Маљковиќ, Братислав Ѓорѓевиќ, Боша Тањевиќ, а исто така најавено е и присуство на Панајотис Јанакис, човекот со кого Лечиќ соработуваше во редовите на грчки Арис.

Настанот го најави првиот човек на МОК, Васил Тупурковски:

„Сакам да изразам огромно задоволство што сме организитори на овој настан, заедно со МКФ, Работнички, МЗТ Скопје и Агенцијата за Млади и Спорт. Три месеци работевме на овој настан. Доаѓаат луѓе од цела Југославија, наше задоволство е да го организираме. Иницијативата ја дадоа Георгиевски и Радосављевиќ. Понекогаш, во оваа држава не се почитуваат легендите. Овој случај е карактеристичен за Лечиќ. Се надевам дека ќе смогнеме сили и дека ќе организираме вакви настани за исти спортски величини“, изјави Тупурковски.

Свеченоста ќе се одржи на 9 мај од 13 часот, во хотелот „Александар Палас“.

Share.

Leave A Reply