Поранешниот ракометар на Вардар, Матјаж Брумен, на 37 години потпиша нов договор. Тој се договори со екипата на Слован од Љубљана каде ќе се обиде со своето искуство да го врати тимот во врвот на словенечкиот ракомет.
Десното крило по три години минати во Вардар играше за Горење каде мина две години, па имаше еден обид во Нексе и на крајот во 2018 заврши во Изола.