Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, неочекувано, уште во осминафиналето го заврши настапот на Мастерсот во Мајами, откако синоќа загуби од Шпанецот Роберт Баутиста со 2:1 (6-1, 5-7, 3-6).
Србинот одлично го почна мечот и доминантно го доби првиот сет, но потоа попушти. Шпанецот одигра концентрирано, ги искористи своите шанси и успеа да обезбеди четврфинале.
Во следната рунда Баутиста за противник ќе го има Американецот Џон Изнер.