Италијанските медиуми најавуваат дека нашиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас може да се појави во стартната постава на Наполи на саботниот реванш од осмина-финалето на Лигата на шампионите на теренот на Барселона.
Според наведеното, тренерот, Џенаро Гатузо, го има Елмас како прва опција доколку Лоренцо Инсиње не успее да ја надмине повредата. Во игра е и Ирвинг Лозано, но, Мексиканецот не е добра опција гледано во неговите дефанзивни квалитети.
Првата средба меѓу Наполи и Барса заврши нерешено 1:1. Победникот од двомечот ќе обезбеди пласман на завршниот турнир во Лисабон.