Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери ја коментира ситуацијата со црвениот картон на капитенот на Ватфорд Трој Дин при победата на „топџиите” со 1:0 како гостин од 34.коло на Премиерлигата.
Дин го удри со лакт Лукас Тореира и беше исклучен уште во 11-та минута, откако претходно Арсенал постигна гол преку Пјер Емерик Обамејанг по грешка на голманот Бен Фостер.
„Мислам дека судијата ја направи вистинската работа. Ватфорд играше многу агресивно, создавајќи опасности. При резултат 1:0 секогаш противникот може да се изедначи. Се обидовме да стигнеме до втор гол, но тоа не беше лесно. Бевме конкурентни како целина, но во некои ситуации мораше да дејствуваме подобро. Ќе извлечеме поуките од оваа средба”, коментираше Емери по натпреварот.