Емери е оптимистички расположен

0

Фудбалерите на Пари Сен Жермен во осмина-финалето на Лигата на шампионите ќе се сретнат со бранителот на тронот, Реал Мадрид.

Стратегот на кормилото на французите,  Унаи Емери, проценува дека популарните „светци“  може да се надигрува со „кралскиот клуб“.

„Реал Мадрид е секако тежок противник, но, можеме да се надигруваме и имаме реални шанси да одиме во наредната рунда. Ако сакате да го освоите трофејот во ЛШ, едноставно морате да бидете подобри и од најдобрите тимови. Почнува нокаут фазата и тука треба да се покаже цврстиот карактер и вистинскиот талент на тимот“, изјави Емери.

 

Share.

Leave A Reply