Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери беше исклучително задоволен од победата на гостувањето кај Наполи од 1:0 и пласманот на неговиот тим во 1/2-финалето во Лигата на Европа.
„Многу сум горд на моите играчи и од начинот на кој ги одиграа и двата меча со Наполи. Мислам дека покажавме дека имаме потенцијал да се натпреваруваме со најдобрите тимови”, вели Емери на прес-конференцијата по мечот.
„Имаше многу позитивни работи во нашето претставување, ако треба да бидам искрен. Дојдовме на многу непријатен стадион, но бевме совршени“, додаде.