Емери: Многу фактори се виновни за нашата форма

0

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека различни фактори се одговорни за слабата форма на „топчиите“. Шпанецот е под голем притисок бидејќи тимот има победено на само еден од последните пет натпревари во Премиер лигата и е со шест бода зад четвртиот на табелата, Челси.

„Не сум целосно разочаран од нашата работа. Јас сум реалист затоа што некои околности не ни помогнаа да ги постигнеме нашите најдобри перформанси. Една од нив е ситуацијата со Озил, Колашинац, Кошчелни и запомнете, ако тој беше капитен, ова немаше да биде проблем за нас“, изјавил Шпанецот.

Share.

Leave A Reply