Mакедонскиот каратист Емил Павлов освои бронзен медал на Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија. Тој денеска во битката за третото место го совлада Романецот Богдан Гоголоши, и со тоа се закити со бронзениот медал од собирот на најдобрите европски каратисти.
Инаку претходно Емил Павлов беше елиминиран во полуфиналето, откако беше оштетен од судиите во дуелот со Евгениј Плахутин.