Долго очекуваниот трансфер на Емре Чан во Јувентус треба да биде реалзиран во текот на денешниот ден.
Играчот веќе пристигнал во Торино каде најнапред треба да ги помине лекарските прегледи во медицинскиот центар на Јувентус, а потоа д аго стави потписот на договорот со Јувентус. Германецот е слободен играч затоа што договорот со Ливерпул му истече. Доколку нема никаков проблем со прегледите, Чан ќе го потпише својот договор во текот на денот со што и формално ќе стане дел од „бјанконерите“.
Германецот ќе се обврзе на петгодишен договор со екипата на Масимилијано Алегри во кои ќе заработува по 120.000 евра неделно. Во изминатата сезона Чан одигра 38 натпревари во дресот на Ливерпул, а не беше дел од селекцијата на Германија на СП поради повредтаа која ја имаше, а ја санираше непосредно пред почетокот на подготовките на неговата селекција.