Енди Мареј најави пензионирање по Австралија Опен

0

Шкотскиот тенисер Енди Мареј утрово на емотивна прес-конференција најави дека планира да се повлече од тениските терени по одржувањето на годинешниот Вимблдон, но стравува дека нема да го дочека тој настап и дека можеби Отвореното првенство на Австралија ќе му биде последен турнир.

Трикратниот грен слем победник, кој тешко заздравува од операцијата на колкот, се расплака на денешната прес-конференција во Мелбурн.

„Не сум сигурен дали со овие болки ќе можам да продолжам. Сакам да играм на Вимблдон, па да се повлечам, но не сум сигурен“, низ солзи зборуваше 31-годишниот Мареј.

Share.

Leave A Reply