Енди Мареј најави учество на УС Опен

0

Британскиот тенисер Енди Мареј најверојатно ќе настапи на УС Опен. Исто така, поранешниот прв рекет има намера да игра на Мастерсот во Њујорк, што ќе се одржи пред Гренд Слем турнирот.

Според информациите, Мареј не планира да ги моли организаторите за вајлд-карта за настап, туку е подготвен да игра квалификации за место на главниот турнир.

По враќањето на терените по пандемијата со коронавирусот Енди учествуваше на егзибициски турнир во Велика Британија каде стигна до полуфиналето.

Share.

Leave A Reply