Ентони: Никогаш не сум рекол дека ќе си одам од Њујорк

0

Кошаркарот на Њујорк Никс, Кармело Ентони, изјави дека никогаш не посакувал да си замине од редовите на „Никси“.

„Никогаш не сум размислувал да го напуштам Њујорк. Како што реков и порано, не сум добил понуда да си одам. Додека такво нешто не се случи, навистина нема смисла да зборуваме за некакво мое заминување“, вели Ентони.

Инаку, најдобриот кошаркар на „Никси“ ќе го замени Кевин Лав на „All Star“ мечот кој е на програмата овој викенд. Лав не може да учествува на мечот поради повреда на коленото.

Share.

Leave A Reply