Една од големите ѕвезди на Тотенхем, Кристијан Ериксен, го отфрлил последниот предлогот за нов договор од клубот. Данскиот репрезентативец има договор со Спарс за уште година и пол и упорно се зборува дека во текот на летото ќе го засили Реал (Мадрид), бидејќи Флорентино Перез одамна го посакува на „бернабеу“.
Понудата на лондончани била за неделна плата во износ од 110.000 фунти, но тоа не им одговара на фудбалерот и на неговиот агент.
Барселона исто така има интерес кон него и ќе се види кој ќе ја добие битката за неговиот потпис во текот на летото.