Ериксен сака да ја промени средината

0

Данскиот фудбалски интернационалец, Кристијан Ериксен, кој има договoр со Тотенхем до летото во 2020 година, нема намера да ја продолжи соработката со премиер-лигашот, најавија повеќе медиуми во Англија.

Според напишаното, „Спарси“ сакаат да му понудат нов далеку подобар договор од финансиски аспект, но, искусниот играч не сака да го прифати бидејќи има намера да си замине. Италијанскиот „Кориере дело Спорт“ објавија дека Јувентус ќе се обиде да му парира на Реал Мадрид кој од претходно покажа дека е заинтерсиран за потписот на Ериксен.

Се проценува дека неговата трансферна вредност нема да биде поголема од 50 милиони евра.

Share.

Leave A Reply