Ернесто Валверде пред враќање во Валенсија

0

Поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде, може повторно да ја предводи Валенсија, каде работеше од декември 2012 до јуни 2013 година, пренесуваат медиумите во Шпанија.

Според истите извор, Ернесто Валверде е во потрага по дом во Валенсија. Тој веќе бил во преговори со раководството на Валенсија, а потоа започнал да бара место за живеење во околината на Валенсија. Валенсија, на последните четири натпревари има три порази, ја напушти зоната која води во Европските купови и падна на 8-то место, имајќи на своето конто 46 освоени поени по 32 кола. Валверде ја предводеше Барселона во 2017 година.

Под негово водство, клубот двапати стана шампион на Шпанија, а исто така еднаш стана и победник на Купот и Суперкупот на Шпанија. Во Лигата на шампионите, Каталонците беа елиминирано во ЛШ во фазите 1/4 и 1/2 финале, губејќи од Рома (4:1, 0:3) и Ливерпул (3:0, 0:4). На 13 јануари 2020 година, Валверде беше заменет со поранешниот тренер на Бетис, Енрике Сетијен, како главен тренер на Барселона.

Share.

Leave A Reply