И на вториот меч од групната фаза во ЕХФ Купот, ракометарите на Еурофарм Работник се поразени. Вечерва во Битола пред своја публика, еурофарм беше поразен од унгарска Татабања со 31:21.
Домашните ракометари беа далеку од изданието со Хановер и уште во првото полувреме како да се предадоа. Негативата од првиот дел продолжи да расте во очајното второ полувреме во кое беше прашање само со колкава предност гостите ќе дојдат до победата.
Остроушко беше прв стрелец со девет погодици од 12 обиди.