РК Еурофарм Пелистер денеска ги пушти во продажба билетите за престојниот натпревар од СЕХА лигата против екипата на Нексе кој се игра на 12 февруари во 20:15 часот во Битола.
Цената на билетите изнесува 150 денари и истите ќе може да се набават преку kartieurofarm.mk.
„Ве известуваме дека блок сезонските влезници за 2019/20 година важат за овој и за сите останати натпревари на нашиот клуб во Битола до крајот на сезоната. Верните подржувачи на РК Еурофарм Пелистер кои имаат вакви влезници непречено ќе можат да влезат во салата и да си ги завземат своите резервирани места. Сопствениците на полусезонски билети (СЕХА или Лигата на шампионите), согласно одлуката на управата на РК Еурофарм Пелистер имаат право на единечни влезници за пет наредни натпревари во било кое натпреварување до крајот на сезоната по свој личен избор. Во оваа прилика сакаме да ги информираме сопствениците на полусезонските влезници дека билетот за натпреварот со Нексе (доколку се одлучат овој натпревар да биде еден од петте можни натпревари) ќе може да го подигнат во агенцијата С-Травел в сабота 8 февруари 2020 година од 10:00 до 14:00 часот. При подигање на влезницата ќе треба да се врати полусезонскиот билет и да се приложи личен документ за идентификација“, се вели во соопштението од клубот.