Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја остварија втората победа во оваа сезона од СЕХА лигата откако вечерва го „демолираа“ тимот на Татран прешов со убедливи 12 голови разлика, 28:16.
Резултатот од првото полувреме не најавуваше вака убедлива победа на Еурофарм Пелистер затоа што го добија со 11:7, но сепак одличната игра во одбрана во вториот дел и само 9 примени голови, за разлика од дури 17 постигнати беа доволни Еурофарм Пелистер да ми нанесе тежок пораз на тимот од Прешов. Во редовите на домашната и победничка екипа најрасположен беше Елмир Граџан со седум гола додека Периќ постигна шест, а на голот повторно блескаше Хендави со 15 одбрани. Кај поразениот тим Рабек даде шест, додека еден помалку имаше Пачеко.
Сега екипата на Еурофарм Пелистер ќе ја очекува гостувањето кај Кадетен Шафхаузен во Европската лига, натпревар кој одлучува од која позиција тимот од Битола ќе патавува во фазата на елиминации.