Еурофарм Пелистер на 23.март во Битола ќе го пречека Магдебург

0

Европската ракометна федерација ги одреди термините и за натпреварите од елиминациската фаза во второто по ранг натпреварување, Европската лига.

Единствен македонски претставник во оваа фаза од натпреварувањето ќе биде Еурофарм Пелистер, кој ќе се соочи со некогашниот европски шампион Магдебург. Првиот натпревар ќе се игра во Битола, во спортската сала „Боро Чурлевски“ на 23 март со почеток во 20:45 часот.

Реваншот ќе биде одигран една недела подоцна , односно на 30 март со почеток во 18:45 часот во „Гетек Арена“ во Магдебург.

Share.

Leave A Reply