Еурофарм Пелистер победи, но не успеа да дојде до четврфинале во СЕХА лигата

0

Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да испише историја и да обезбеди четврфинале во СЕХА Лигата. Вечерва во реванш осминафиналниот меч со Нексе пред полните трибини на салата „Боро Чурлевски“ во Битола, „пелистерци“ славеа но јалово, со само два гола разлика – 24:22.

По поразот од 23:20 на првиот меч во Нашица, момците на Бабиќ имаа обврска да обезбедат победа од најмалку 4 гола за место во четврфиналето, но иако неколкупати беа во позиција да го скршат отпорот на противникот и да дојдат до потребната предност, на крајот потфрлија и тука ги завршија настапите во годинешното натпреварување.

Јотиќ со пет гола беше прв стрелец кај домаќините, додека солидни беа уште Остроушко, Маџовски и Вегар со по три.

Share.

Leave A Reply