Еурофарм Пелистер подготвен да ја нападне предноста на Нексе

0

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се пред голема шанса да се пласираат во четвртфиналето од СЕХА лигата и тоа во нивниот дебитантски настап во регионалната ракометна лига.

Вечерва Еурофарм Пелистер пред домашната публика во Битоал има задача да ја анулира предноста до 3 гола разлика (20:23) која ја има Нексе од првиот натпревар одигран во Нашице. За да се направи тоа тренерот Жељко бабиќ знае што и како треба да одигра неговата екипа.

„За мене ова е ново искуство, нов тренерски предизвик, предизвик во прекрасна и отворена земја како Македонија. Битола е многу убав град и убаво се чувствувам. Играчите добро тренираат, фокусирани сме на Нексе и спремни сме за возвратниот натпревар. Верувам дека грешките од првиот натпревар ќе ги поправиме и ќе се радуваме на победата. Што се однесува до екипата, ќе бидеме комплетни. Јотиќ и Маџовски влегоа во тренажен процес по повредите и ќе бидат во составот. Кај Нексе, им се враќа Јагањац и ќе бидат посилни од првиот натпревар. Морам да потенцирам дека ни ние, ни Нексе не сме во натпреварувачка форма и тешко е да се предвиди во кој правец ќе се одвива натпреварот. Сепак, можам да кажам дека мора да играме агресивна одбрана и максимално трчање во текот на сите 60 минути“, изјави Бабиќ на прес-конфренцијата пред натпреварот.

Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе се игра вечерва од 20.15 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола која ќе биде исполнета до последно место затоа што влезницте се веќе распродадени , а тоа значи максимална поддршка за домашните играчи.

Средбата ќе може да ја следите и низ директни јавувања во програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.

Share.

Leave A Reply