Еурофарм Пелистер со пораз се враќа од годтувањето во Прешов

0

Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележа вториот пораз во СЕХА лигата оваа сезона, откако по поразот во Загреб, вечерва беа поразени од Татран Прешов со 32:28.

Македонскиот преставник во регионалната лига започна со комбиниран состав и тоа се одрази на резултатот кој во текот на целиот натпревар беше во корист на домашната екипа. Првиот дел Татран Прешов го реши во своја корист и на одмор замина со предност од 16:14, а во вториот дел таа предност само ја надоградуваше за на крајот да слават со 32:28.

Во екипата на Еурофарм Пелистер најефикасни беа Периќ со девет и Мандалиниќ со седум гола, додека во домашниот тим одлични беа Пачеко и Радек со по седум погодоци.

Последен натпревар од СЕХА лигата односно од оваа групна фаза за Еурофарм Пелистер ќе биде домашниот натпревар со ППД Загреб на 13 април. Екипата од Загреб досега е без пораз во СЕХА сезоната, но во моментов имаат многу проблеми со заразени ракометари со коронавирус.

Share.

Leave A Reply