Ракометарите на Еурофарм Пелистер загуби на деби натпреварот од новото натпреварување на ЕХФ, Европската лига. Македонскиот претставник загуби од данскиот вицешампион ГОГ Гудме со 30:-29 (14:14).
Во еден израмнет натпревар во кој екипите се менуваа во водство во поголемиот дел од натпреварот, на крајот поснаодливи беа домашните ракометари и славеа со 30:29. Се играше доста тврдо во првото полувреме,па затоа на одмор се замина со нерешени 14:14.
Вториот дел започна со седмерец за ГОГ Гудме, па исклучување на Маџовски и Данците се одлепија на 18:16. Ракометарите не Еурофарм Пелистер покажаа карактер и со серија 3:0 се вратија во водство во 40. минута. Потоа се играше гол за гол и серија на неколку исклучувања што најавија дека ќе има драматичен финиш. Во 52. минута резултатот беше 25:-25, а со голобите на Маџовски и Мандалиниќ , македонскиот преставник дојде до предност од 29:27,но потоа како да застанаа ракометарите на Еурофарм Пелистер и дозволија домашните ракометари да направат серија од 3:0, за да дојде до предност и победа од 30:29.
Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ со 11 и Кушан со осум гола, додека кај ГОГ Гудме најефикасен беше Јакобсен со девет гола.