Еурофарм Работник ја прекина соработката со Стевче Алушовски

0

Ракометниот клуб Еурофарм Работник кој е наш претставник во Лигата на шампионите и СЕХА-лигата, ја прекина соработката со досегашниот тренер Стевче Алушовски.

Оваа вест вечерва е соопштена од страна на клубот, а во истата се вели дека договорот е спогодбено раскинат. На вечерашниот состанок заеднички е констатирано дека во интерес на клубот и понатамошните настапи на екипата во Лигата на шампионите и СЕХА лигата најдобро е да дојде до прекин на соработката.

Од управата на РК Еурофарм Работник му се заблагодаруваат на досегашниот предводник и му посакаа многу здравје и понатамошни спортски успеси.

За екипата ан Еурофарм Работник останува да одигра уште еден натпревар во Лигата на шампионите, а потоа да се обиде да го поправи впечатокот во СЕХА лигата, а кој ќе биде новиот предвоник на тимот останува да видиме.

Share.

Leave A Reply