Македонскиот ракометен преставник во европските купови, Еурофарм Работник, денеска ги доби противниците во групната фаза во ЕХФ Купот. Битолчани се најдоа во групата Б заедно со германскиот тим Хановер, хрватски Нексе кој настапува во СЕХА-лига и унгарска Татабања.
Првите натпревари од групната фаза се играат на почетокот на февруари.