Евертон го отпушти Сем Алердајс

0

Сем Алдердис повеќе не е менаџер на Евертон, оваа информација ја потврдија на официјалната страница на Евертон.

Одлуката беше донесена по состанокот на одборот на директори на клубот, кој се одржа синоќа. Денес, сопственикот Фархад Мошири лично го известил Сем Алердајс за нивната одлука.

Според „Скај Спортс“, клубот ќе плати поголем дел од платата на Алердајс во преостанатите 12 месеци од неговиот договор. Оваа сума треба да биде околу 6 милиони фунти. 63-годишниот тренер заминува по само шест месеци поминати на клупата на Евертон. Албердајс го замени Роналд Куман, кој беше отпуштен во ноември. Според медиумите, поранешниот менаџер на Ватфорд, Марко Силва, е фаворит за испразнетото место на клупата на Евертон.

Вчера, Алердајс беше во Лондон, каде што присуствуваше на доделувањето на наградите за менаџер на годината. Таму тој јавно го критикуваше раководството на Евертон за одлуката за големи структурни промени во клубот без да го информираат. На 26 натпревари на клупата на Евертон, Алердајс со својата екипа имаше 10 победи, 7 нерешени и 9 порази по што доби отказ.

Share.

Leave A Reply