Евертон може да го откупи Валенсија за 12 милиони фунти

0

Евертон ова лето може да го oткупи Енер Валенсија за сума од 12 милиони фунти. Управата на Вест Хем, чиј фудбалер е Валенсија, го информирала раководството на Евертон дека се согласни да им го продадат Еквадорецот за оваа цена.

Валенсија е дел од Евертон во тековната сезона каде настапува на позајмица. Тој досега одигра 17 меча за тимот од Ливерпул и притоа постигна 3 гола. Евертон и онака размислуваше за пополнување на местото во нападот кое веројатно ќе биде ослободено со заминувањето на Лукаку ова лето, па за нив ова ќе биде особено добра зделка.

Првичниот договор за позајмица велеше дека Валенсија може да биде откупен за 14,5 милиони фунти, но од Вест Хем сега се одлучија да ја спуштат цената на 12 милиони.

Share.

Leave A Reply