Евертон може да го засили нападот со Волкот

0

Тренерот на фудбалерите на Евертон, Роналд Куман, размислува да го купи напаѓачот на Арсенал, Тео Волкот, кој во изминатата сезона главно ја грееше клупата на лондончани, пишуваат дел од медиумите во Англија.

„Карамелите“ со продажбата на Лукаку во Манчестер Јунајтед, обезбедија доволно финансии за да можат да ангажираат засилувања за наредната сезона. Се проценува дека Евертон може да понуди 30 милиони фунти за Волкот кој би играл во тандем во нападот со Вејн Руни.

Црномурестиот фудбалер во изминатата сезона постигна 10 голови на вкупно 28 натпревари во Премиер-лигата.

Share.

Leave A Reply