Евертон тргнува по Бернат

0

Во Евертон не завршиле со трансфери. Според информација на весникот „Ливерпул Ехо“, нов „пик“ на „карамелите“ е дефанзивецот на Баерн (М), Хуан Бернат.

Менаџерот на Евертон, Сем Алердајс, има намера да донесе нови засилувања во дефанзивата на тимот, па верува дека Шпанецот ќе биде исклучително засилување. Бернат оваа сезона се мачи со повредите и ретко е во првиот тим на Баерн.

Тој има договор до 2019 година, па оттука Баерн (М) би можел да разгледува и опција за негова продажба.

Share.

Leave A Reply