Евра испрати мотивациска порака до играчите

0

Францускиот фудбалски интернационалец, Патрис Евра, истакна дека го почитува ПСЖ, но, дека навива за неговиот Манчестер Јунајтед. Тој в пресрет на денешниот меч упати порака до фановите и играчите на „црвените ѓаволи“.

„Дајте се од себе, сакам  да го јадете теренот, тревникот а фановите да имаат голема улога во тоа. „Олд Трафорд“ мора да биде „Театарот на кошмарот“ – вели Евра.

„Пол, кој ќе те запре тебе на терен? Давид Де Геа, спушти ја ролетната, Марсијал, сакам да ги уништиш противниците“-им порача Патрис Евра на играчите на Манчестер Јунајтед.

Share.

Leave A Reply