Европа ќе добие нов шампион

0

Селекциите на Словенија и Полска ја комплетираа првата полу-финална двојка на Европското одбојкарско првенство.

Ко-домаќинот Словенија успеа да ја совлада Русија со 3 спрема 1 во салата- „Стожице“ со што и се реваншираше на „Зборнаја“ за поразот во групната фаза. Тоа значи дека Русите ја загубија можноста да ја бранат титулата додека Словенците по втор пат ќе играат во полу-финалето на европските првенства. Во вториот вчерашен меч Полска ја победи селекцијата на Германија  со 3 спрема 0.

Денеска ќе биде формирана и втората полуфинална двојка откако ќе се одиграат мечевите: Франција- Италија и Србија – Украина.

Share.

Leave A Reply