Европски тимски шампионат во атлетика на Арената „Тоше Проески“

0

Македонија овој викенд ќе биде домакин на атлетичари од Европа затоа што во Скопје ќе се одржи Европскиот тимски шампионат – 3-та лига.

Натпреварите ќе се одржат на националната Арена „Тоше Проески“ во сабота и недела на 10 и 11 август, а на денешната прес-конференција во АМСМ, директорот Дарко Каевски го истакна значењето на овој настан.

„Ми преставува големо задоволство да го најавам атлетскиот спектакл, кој претстојниов викенд ќе ја збогати спортската програма на Арената „Тоше Проески“ во Скопје.
По успешната организација на Европското првенство во планинско трчање кое минатата година се одржа на Водно, Интернационалната и Европската Атлетска федерација доверија организација на уште еден престижен настан а тоа е Европскиот тимски шампионат – 3-та лига. Сакам оттука да ги поканам сите вљубеници во атлетиката и спортот, на 10-ти и 11-ти август да бидат на Арената „Тоше Проески“, и да уживаат во перформансите на нашите атлетичари“ истакна Каевски.

Претседателот на Атлетската федерација на Македонија Александра Војнеска Зикова изрази благодарност кон медиумите и истакна дека се чуствува одлично што атлетиката се враќа на старите патеки. Таа додаде дека очекува квалитетни натпревари и добри резултати на нашите атлетичари, а воедно ги покани љубителите на атлетиката да го проследат овој настан.

Share.

Leave A Reply