„Езерџиите “ дојдоа до 17. титула во НБА.

0

Лос Анџелес Лејкерс славеше во текот на ноќта против Мајами со 106:93 и стана новиот шампион во најсилната светска кошаркарска конкуренција.

Тимот предводен од Леброн Џејмс започна одлично и без многу проблеми успеа да стигне до посакуваниот триумф кој му ја донесе 17-та титула во НБА конкуренцијата. Лејкерси на тој начин се изедначија со Бостон на вечната листа кога станува збор за освоените шампионски прстени.

Џемјс имаше трипл-дабл со 28 поени, 14 скокови и 10 асистенции, Дејвис постигна 19 поени и додаде 15 скокови додека Рондо застана на 19 кошеви. Во поразениот состав Адебајо имаше 25 поени и направи 10 скокови.

 

Share.

Leave A Reply