„Езерџиите“ победнички го отворија финалето на НБА

0

Кошаркарите на ЛА Лејкерс го совладаа Мајами со 116-98 и поведоа со 1-0 во финалето од НБА лигата. Во победничкиот тим Ентони Дејвис имаше 34 поени, девет скокови и пет асистенции додека Леброн Џејмс мечот го заврши со 25 поени, 13 скока и 9 асистенции.

Во поразениот состав се издвои Батлер со 23 поени. Неговиот тим во текот на мечот остана без помошта на Горан Драгиќ поради повреда на стапалото го пропушти вториот дел додека Адебајо мечот го заврши во третата четвртина поради повреда на рамото.

Наредниот дуел меѓу ЛА Лејкерси и Мајами ќе биде одигран в сабота во 3 часот по наше време.

 

 

 

Share.

Leave A Reply