Ф1 го загуби великанот, почина Ники Лауда !

0

Тажна вест за љубителите и учесниците во Формула 1, почина великанот во овој спорт, некогашниот австриски Ф1 возач Ники Лауда.

Ники Лауда, почина на 70-годишна возраст, важеше за еден од најдобрите во историјата на Формула 1. Тој во овој спорт, беше активен во периодот од 1971 до 1979, па од 1982 до 1985, а неговите успеси засекогаш ќе бидат запишани во историјата на Формула 1 и тоа со златни букви.

Лауда зад своето име има три титули, во 1975, 1977 и 1984 година. Возеше за неколку тима, а ќе се памети како единствен возач кој успеал да освои шампионски титули со двата лути ривали Ферари и Мекларен.

Ники Лауда беше роден на 22 февруари, 1949 година во Виена, а почина на 21 мај 2019 година, поради здравствени проблеми. Последната информација беше дека завршил во болница поради компликации со бубрезите, но се уште не е позната точната причина за смртта.

 

Share.

Leave A Reply