Раководството на Формула 1 планира да направи нови промени се со цел да привлече повеќе публика.
Според наведеното, досегашните квалификации може да бидат променети во спринт-трка на 100 километри без ограничувања на лимитот на горивото и на гумите. Врз база на резултатите остварени на спринтот би се формирал и стартниот редослед за Гран при трката.
Доколку тимовите се согласат со таквиот предлог, тогаш новиот систем на квалификации може да стартува од 2021 година.