Ф1 тимовите загрижени за потрошувачката на горивото

0

Во пресрет на новата Ф1 сезона, тимовите искажаа загриженост од евентуален недостиг на гориво за успешно завршување на трките. Според новите регулативи за користење на пневматиците и промените на ограничувањата во користењето на горивото, тимовите добија шанса за користење на екстра 5 килограми гориво за своите автомобили, со што максималниот капацитет беше зголемен на 105 килограми или 142 литри гориво.

Сепак, поради промените во зафатнината на моторите, анализите покажаа дека потрошуваката на горивото ќе биде голем проблем. Тоа значи дека болидите ќе мора да се движат во просек побавно за 20 км/ч, доколку сакаат да останат под полн гас до крајот на трката и да добијат забрзување во свиоците.

Share.

Leave A Reply