Ф4 турнирот од СЕХА лигата годинава во Белорусија

0

Белорускиот град Брест ќе биде домаќин на завршниот турнир од годинешната СЕХА ракометна лига. Денеска и официјално е потврдено дека последниот патник на Ф4 турнирот за оваа сезона ќе ја има честа да го организира настанот по кој ќе добиеме новиот регионален шампион.

Седмиот Ф4 турнир во СЕХА лигата ќе се одржи од 7 до 9 април во „Викторија“ арената во Брест која има капацитет од 3750 места. Вардар како преставник од Македонија во полуфиналето ќе се сретне со ППД Загреб, а домаќинот Мешков Брест ќе игра со Веспрем.

Во досегашните 6 изданија на завршниот турнир и Скопје еднаш ја имаше улогата на домаќин.

Share.

Leave A Reply