ФА ќе му излезе в пресрет на Стариџ

0

Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ, побарал од Фудбалската асоцијација на Англија да му даде повеќе време за да одговори на обвинувањата дека ги прекршил правилата за обложување на фудбалски натпревари.

29-годишниот играч имаше време да го стори тоа до крајот на работниот ден на 20-ти ноември. Медиумите на островот сугерираат дека Стариџ го добил посакуваното одложување. Обвинувањата се однесуваат на периодот во кој Стариџ играше како позајмен во Вест Бромвич во јануари годинава.

Во официјалната изјава дадена преку неговиот состав, Ливерпул, напаѓачот вели дека никогаш не се обложувал на фудбалски мечеви. Клубот додаде дека Стариџ целосно соработува во случајот.

Share.

Leave A Reply