ФА на Англија подигна обвинение кон Манчестер Јунајтед

0

Англиската фудбалска асоцијација (ФА) го обвини Манчестер Јунајтед за однесувањето на играчите за време на дербито во Премиер лигата со Ливерпул.

Се работи за ситуацијата во првото полувреме, кога по контактот помеѓу Давид Де Геа и Вирџил ван Дајк, домашната екипа постигна гол. Тогаш фудбалерите на „црвените ѓаволи“ му се приближија на главниот судија Крег Паусон, барајќи голот да биде поништен поради прекршок над нивниот голман. По ВАР интервенцијата голот беше поништен.

Според ФА во овој случај, фудбалероте на Манчестер Јунајтед не се однесувале пристојно, а клубот бил одговорен за тоа. Од сите играчи кои беа дел од оваа мешаница, само голманот Де Геа доби жолт картон за неговиот протест. Екипата на Оле Гунар Солскјер ја загуби битката на „Енфилд“ со 0:2.

Share.

Leave A Reply