Халфот на Евертон, Андре Гомеш, е обвинет за манифестација на насилство по поразот од Фулам во Премиер лигата, потврдија денеска од Фудбалската асоцијација на Англија.
Гомеш, кој игра за „карамелите“ како позајмен од Барселона, се соочува со суспензија за три средби поради конфликтот со напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ. Инцидентот кој се случил во 95-тата минута не бил забележан од страна на главниот судија, Ли Проберт.
Затоа, ФА, најави дека ќе го искористи целиот видео-материјал и дека ќе направи анализа на целата ситуација .