Натпреварите од ФА Купот и Лига Купот на Англија за следната сезона би можеле да бидат укинати, доколку годинешната сезона се оддолжи се до летото. Информацијата доаѓа од Фудбалската асоцијација на Англија, која размислува по секоја цена да ја заврши оваа сезона, но следната да ја скрати, со тоа што нема да се играат две од трите натпреварувања.
Шампионатот во моментов е суспендиран најмалку до 30 април поради пандемија на коронавирус. Поради присилна пауза, календарот во Премиерлигата можеби ќе треба да биде дополнително продолжен, па сезоната да се оддолжи дури до јули.