Фабрегас може да замине во Италија

0

Италијанските медиуми тврдат дека фудбалерот на Челзи, Цеск Фабрегас, во текот на летото ќе си замине од Лондон откако ќе му истече тековниот договор.

31-годишниот Шпанец кој главно ја грее клупата за резерви кај „сините“, во тековна сезона се појави на само три меча. Според „Калчо меркато“, техничкиот директор на Милан, Леонардо, имал разговори со претставниците на Фабрегас за да ги убеди да го однесат на „Сан Сиро“.

Тоа може да се случи уште во јануарскиот трансфер период доколку Фабрегас се согласи да добие пониска плата.

Share.

Leave A Reply