Фацио: ќе се бориме до крај

0

Дефанзивниот фудбалер на Рома, Федерико Фацио, верува дека неговиот тим и покрај поразот од Ливерпул со 5:2, сепак ќе може да ја надополни негативата на реваншот во Италија.

„Дадовме два гола на гости а имавме и неколку шанси во првиот дел. Мора да продолжиме да се бориме. Ние сме играчи, ние сме спортисти, ќе се бориме до последната секунда“ вели Фацио.

„Се уште не е загубена битката. Ќе се обидеме да го свртиме мечот во наша корист. Да не ја заборавиме приказната како стигнавме до тука“ – вели фудбалерот на Рома.

Share.

Leave A Reply