Напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао, може да го напушти клубот во летниот трансфер период. За потписот на колумбискиот репрезентативец се заинтересираа првите луѓе на екипата на Лил.
Лил се подготвува за Лигата на шампионите за следната сезона и ќе направи се за да обезбеди добар состав и добар настап.л Николас Пепе, кој сигурно ќе биде продаден ќе мора да се замени со квалитетен напаѓач, па затоа првите луѓе на Лил сметаат на потписот на Колумбиецот.